05-10 Јули 2007

Проектот ЕТНО Камп подразбира летен семинар со музички работилници кој се одржува секоја година на различни локации. Oвaa година тoa e гpaдoт Ohrid. Идејата е да се задржи рурарната средина, за самите учесници на семинарот поблиску да се запознаат со традиционалните форми на македонската култура.

ЕТНО кампот претставува можност за неговите учесници кои доаѓаат од различни земји во светот да ја искажат и претстават својата култура, традиција и фолклор, преку различните елементи на целокупната материјална и духовна култура. Тоа ќе се одвива низ музичките работилници, теоретски и стручни предавања, посета на разни културни манифестации и историски споменици, како и преку организирање на разни трибини.

Учесниците на ЕТНО кампот се првенствено млади музичари од различни краеви на светот и припадници на различни култури и традиции.

Музиката што ја создаваат или изведуваат најчесто има допирни точки со фолклорот, така што имаат оптимални познавања од областа на фолклористиката.

Од страна на организаторот, ќе се поканат учесници од Mакедонија, како и од повеќе земји од светот (околу 40 странски учесници).

Како предавачи, инструктори и лидери на работилниците се предвидуваат: етномузиколози, етнолози и историчари од ФМУ – Скопје, Институтот за фолклор, потоа музичари, пеачи и играчи (инструктори/лидери).

 

Услови за учество


  • учесниците да не бидат постари од 27 години

  • учесниците сами ги обезбедуваат патните трошоци до Скопје, Македонија и обратно

  • организаторот обезбедува патни трошоци од Скопје до Ohrid и назад како и ноќевање и храна